Во Илинден започна реконструкција на пешачка патека во должина од 600 метри

Започна реконструкција на пешачката патека на улица ,,2”  во населба Илинден. Пешачката патека е во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Општина Илинден меѓу првите институции од Македонија како дел од европските проекти

Општина Илинден е една од првите институции од регионот која стана дел од европскиот проект “Зелени микро акредитиви: Долгорочна надградба и зајакнување на вештините на нискоквалификувани возрасни лица”. Проектот кој е дел од програмата Еразмус, започна да се спроведува од денес, при што се одржа првата меѓународна средба на која присуствуваше и градоначалникот на Општина…

Склучен договор помеѓу Општина Илинден и Државниот архив

За прв пат Општина Илинден склучи договор со Државниот архив, со кој ќе се врши средување, ставање ред на целокупниот архивски и документиран материјал со изминати рокови за негово чување и комплетна заштита на архивската граѓа.

Промовирање и поттикнување на енергетската ефикасност во општина Илинден

На предлог на Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Советот на Општина Илинден на 18-тата седница  ја усвои ,,Програмата за енергетска ефикасност за период од 2023-2025 година”.

Локалниот младински совет на Општина Илинден  ја одржа својата втора седница

Локалниот младински совет на Општина Илинден  ја одржа својата 2 седница на која беше разгледана и донесена Годишната програма за работа на Локалниот младински совет која се базира на квантитативни и квалитативни истражувања кои укажуваат кон потребите на младата популација. Програмата подразбира фокус на три стратешки области за работата на Локалниот младински совет : професионализација…

Со ,,Саем на домашно вино” и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.