Интерактивни табли во ООУ Браќа Миладиновци

Со цел подобрување на воспитно образовниот процес во ООУ„Браќа Миладиновци„ во оваа учебна година обезбедени се шест електронски интерактивни табли, кои се поставени во централното училиште во н.м. Миладиновци и двете подрачни училишта во н.м. Текија и н.м. Мршевци.

Засадени 30.000 садници на неколку локации во општина Илинден

Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во населеното место Миладиновци и околината, особено во делот каде имаше пожари. Акцијата за пошумување се спроведува во рамки на проектот „Зелена општина Илинден” во соработка со ЈП „Македонски шуми”, ЈКП „Илинден” како и општинската администрација. Во рамки на акцијата ќе бидат засадени…

Осветлен влезот на Ајватовци со ново улично осветлување

Во населеното место Ајватовци во општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, пришто осветлен е влезот и улица „1” во ова населено место.

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” се одржа крводарителна акција на која граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

Здружението на бубрежно болни Ренална Поддршка го одбележа Март-месецот на бубрегот

Во Домот на култура „Илинден” во општина Илинден се одржа настан по повод одбележувањето на Март-месецот на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани Ренална Поддршка-Кавадарци. Целта на одбележувањето е подигање на јавната свест за важноста на бубрезите.