Градоначалникот на Општина Илинден оствари средба со пратеник и заменик градоначалник од Република Србија

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска оствари работна средба со заменик градоначалникот на Општина Нова Црња од Војводина, Република Србија, господин Драган Даничиќ, како и пратеникот од таа Општина  во покраинското Собрание на Војводина, господин  Дејан Панич.

Кристијан Ангеловски беше најбрз до светиот крст во општина Илинден

На централната манифестација од одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Кристијан Ангеловски од Илинден беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокаа во студените води на езерото кај хотелот Белви и го извади светиот крст.

Ракометните репрезентативци од Илинден на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски

Тројцата ракометари од општина Илинден кои играат во македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски и Давид Савревски денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Поводот за оваа средба е претстојното Светското првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска овој месец.

Доделени хуманитарни пакети на стари лица во општина Илинден

По повод Божиќните празници Општина Илинден во соработка со Општинската организација на Црвен крст Гази Баба и во координација со Основната организација на Црвен крст поделија 30 хуманитарни пакети на стари лица во повеќе населени места од општина Илинден.

Децата од детската градинка традиционално ги одбележаа Бадник и Божиќ

Традиционално и оваа година децата од ЈОУДГ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден, заедно со градоначалникот, директорката и вработените го одбележаа доаѓањето на големите христијански празници Бадник и Божиќ.

Прва седница на Локален совет за превенција во општина Илинден

Во насока на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден, се одржа првата седница на Локалниот Совет за превенција со претставници од надлежни институции, а на која претседаваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.