Шампионите на Македонија во Детската лига во фудбал на прием кај градоначалникот на општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием на членовите на ФК Гроздановски, кои го освоија шампионското место во Македонија со генерациите 2009 и 2013, на финалните натпревари од ФФМ Детска лига за сезона 2022 година.

Денови на спорт на младите во општина Илинден

Во општина Илинден на 08.06.2022 (среда) и 09.06.2022 (четврток), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи спортската манифестација ,,Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Наградените ученици на прием кај градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием во чест на учениците од основните училишта од општина Илинден кои освоија високи места на државните натпревари.

Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден

Детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден со завршна приредба испрати уште една генерација во прво одделение. Идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, со песна и игра се поздравија со своите воспитувачки.

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Со божествена литургија која се одржа во црквата ,,Св. Константин и Елена” во населба Илинден се одбележа денешниот голем христијански празник посветен на двајцата светители ,,Свети Константин и Елена”.