Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

Општина Илинден продолжува со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем за фекална канализација кој е во должина од 500 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Марино на улица „409“ и „410“. Дополнително покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој…

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски со активно учество на Јавна расправа во Собранието на РМ

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска зема активно учество во Јавната расправа на тема ,,Национална развојна стратегија-значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој која се одржа во рамките на Комисијата за локална самоуправа при Собранието на Република Македонија.

Отворени училишните врати за сите ученици на територија на општина Илинден

Успешен почеток на новата учебна година во општина Илинден. Училиштата подготвени ги дочекаа околу 2000 основци и над 300 средношколци. Училишната годината започна во трите централни и шест подрачни училишта, а за прв пат во училишните клупи седнаа 180 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани околу 70 средношколци.

Во општина Илинден се одржа деветтиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2023“

Пред голем број љубители на спортот на спортскиот терен во населеното место Мршевци се одржа деветтиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2023“ на кој оваа година учествуваа 28 екипи. На финалниот натпревар првото место го освои екипата на „Електро Микица“, второто место „Моцарт“ и трето место за „Буларт Констракшн“, за најдобар играч беше прогласен Драган…

Награда за Општина Илинден за најголем исчекор во велосипедската инфраструктура

Денеска беа доделени наградите за вело општини кои ги доделува Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак.