Општина Илинден за првпат воведува финансиска поддршка за првачиња

Општина Илинден, како една од општините со постојан демографски пораст и зголемување на наталитетот, продолжува со креирање конкретни мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, за првпат се воведува финансиска поддршка за сите првачиња.

Во општина Илинден светиот крст кај Марио Димитријевски

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број…

Одбележување на Водици 2026

По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.

Општина Илинден ја зголемува финансиската поддршка за новороденчиња

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.

Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Среќна Нова 2026 година

Посакувам 2026 да биде година на многу работа и успеси на сите полиња, година со многу проекти кои ќе придонесат за подобар живот на сите жители на општина Илинден и Република Македонија. Нека биде 2026 година на разбирање, солидарност и нови можности. Ви посакувам среќни празници, многу радост, успех, топлина и благосостојба во Вашите домови.