Новогодишни пакетчиња за децата со попреченост во Општина Илинден

Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели новогодишни пакетчиња за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа  има потпишано Меморандум за соработка. 

Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2024 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2024 година, со вкупна вредност од 465.636.000 денари или приближно 7,6 милиони евра. Анализата на приходите и расходите на Општината во буџетот за минатите години и планираните реални приходи  за 2024 година се земени како основа во проектирањето на Буџетот на Општина Илинден, со развојна компонента при…

Асфалтирање на улици во општина Илинден

Со интензивно темпо се одвиваат градежните работи за реконструкција и санација на улиците во Општина Илинден. Денеска извршено е асфалтирање на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.

Пуштено во употреба ново детско катче во Мршевци

Општина Илинден го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Мршевци. Станува збор за детско игралиште на кое се поставени нови детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина,  нова заштитна ограда, како и терен за баскет кој е во финална фаза.

Санација на улици во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за реконструкција и санација на улиците. Денеска почнаа градежните активности за санација на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.