Изградба на мултифункционално игралиште во Општина Илинден
Општина Илинден започна со изградба на мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.
Општина Илинден започна со изградба на мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.
Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.
Општина Илинден и оваа година е домаќин на Регионалната средба на комунални претпријатија која е во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, согласно проектот „Со подигнување на јавната свест до одржливи комунални услуги“.
Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.
Во рамки на повеќе дневните активности за одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“, денеска беше пуштено во употреба игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино.
Центарот на спортските случувања денес беше во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 12. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа преку 250 борци и тоа од клубови од Германија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија,…