Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци

Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. Во рамки  на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Ново детско игралиште во Дељадровци

Пуштено во употреба ново детско игралиште во  Дељадровци во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашки, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Ученици од ООУ Браќа Миладиновци во Швајцарија

Oсум ученици од деветто одделение oд ООУ „Браќа Миладиновци“ од Миладиновци со нивниот супервизор – одделенскиот наставник Елена Карагунова заминаа во Швајцарија како дел од интеркултурната размена во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Поставена нова сообраќајна сигнализација

Со цел подобрување на патната инфраструктура и превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, континуирано се спроведува Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Продолжува интересот за инвестирање во општина Илинден

Во локалните економски зони во Општина Илинден секојдневно се градат и се отвораат нови стопански објекти, а веќе постоечките ги прошируваат своите капацитети, доволен показател дека Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Проширување на капацитетот направи и компанијата Дени Интернационал со изградба на нов деловен објект, магацински простор кој ќе се протега на површина…