Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023

Општина  Илинден се вклучи во големата  еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина.

Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Изградба на паркинг простор во општинското основно училиште ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Општина Илинден започна со изградба на паркинг простор за преку 30 возила во ООУ ,,Гоце Делчев”. Паркинг просторот се гради во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м2, ограден со зелена површина, а предвиден е дел и за велосипеди.

Пуштено во употреба првото детско игралиште во Јака во општина Илинден

Пуштено во употреба првото детско игралиште во  населбата Јака во општина Илинден. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.