Доделени Решенија на граѓани за субвенции на велосипеди

Во просториите на Општина Илинден Градоначалникот Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден“

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден”.

Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев”

Детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден со завршна приредба испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.

Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од Кадино

Отпочна изградбата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за дел од населено место Кадино, во општина Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред…

Изградба на нова улица и пешачка патека во Јака

Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во Општина Илинден.

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Во присуство на голем број верници во новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден, се одржа литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители, по повод големиот христијански празник Свети Константин и Елена.