Посета на фондацијата Westminster и Клуб на млади пратеници во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со  претставници од фондацијата Westminster како и пратеници од Собранието на Република Македонија, кои се дел од Клуб на млади пратеници, претставниците на Локален младински совет во општина Илинден, како и претставници од Советот на Општина Илинден.

Со богата музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден

Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци го одбележаа патрониот празник на училиштето со богата музичка програма во име на среќата и безгрижната игра.

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

Во општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните  од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

Отворен ден во средното училиште во општина Илинден

Средното општинско стручно училиште ,,Илинден” од општина Илинден, денеска ширум ги отвори вратите за сите заентересирани кои сакаат да се запознаат со условите за запишување во ова училиште.

ООУ ,,Гоце Делчев” од Илинден дел од првата Вело турнеја

ООУ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден е дел од првата Вело турнеја на пролетната Вело офанзива ,,Пролет 2023” во рамки на програмата Вело училишта, организирана од страна на Здружението на граѓани Еко Логик, кое има за цел да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз на учениците.

Во завршна фаза реконструкцијата на детско игралиште во Миладиновци во општина Илинден

Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Миладиновци, која е во завршна фаза. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставена е гумирана подлога, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Во наредните денови ќе се санира и оштетената заштитна ограда на детското игралиште.