Чистење на каналската мрежа

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и…

Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“

Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и “532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на асфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.

Општина Илинден со апел, да не се уништуваат детските игралишта и јавните површини

Детското игралиште во Илинден, кое се наоѓа во рамки на Дом на култура „Илинден“ и кое неодамна беше пуштено во употреба, сега е вандализирано, односно искршено. Скршени се детските реквизити, лилашката, парчиња се расфрлани низ игралиштето, оштетени се клупите за седење, комплетно е уништена оградата.

Пуштени во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Деновиве беше пуштено во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки  на детското игралиште поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со…