Модернизација на водоводната мрежа

Општина Илинден и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците. 

Одбележана Детската недела

Под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“  и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно уметничка програма, во која дечињата глумеа, играа,…

Презентирана Физибилити студија за управување со органски отпад со компостара

Во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа презентација на Физибилити студија за систем за управување со органски отпад со компостара за општините Илинден и Гази Баба“.

Доделени Решенија за финансиска поддршка за спортисти

Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.

Асфалтирање на краци од улица „500“ во Марино

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта со засилено темпо се одвива градежната експанзија за подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден во сите населени места.