Општина Илинден ќе гради атлетска патека – атлетичарот Дарио Ивановски на прием кај градоначалникот

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својот кабинет го прими атлетичарот Дарио Ивановски од Општина Илинден, заедно со неговиот тренер Игор Јакимовски, кој од маратонот во Севиља, Шпанија се врати со голем успех за него но и за Македонија. Со последниот резултат во дисциплината маратон кој го трчаше Дарио на 18.02.2024 година во Севиља,…

Реконструкција на улици во Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта,  деновиве започна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.

Министерот за труд и социјална политика во посета на Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, каде во рамки на средбата посетија неколку локации на територија на општина Илинден.

Општина Илинден со реакции до ЈСП за нередовниот јавен превоз

Општина Илинден во насока на подобрување на јавниот сообраќаен превоз кој го врши Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и е под дирекна надлежност на Градот Скопје, за чиешто ангажирање Општина Илинден врши редовна исплата на услугата која ЈСП Скопје ја дава кон граѓаните.