Работилница во рамки на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви“

Во рамки на проектот Вештини за зелена транзиција – Патеки за зелени микро акредитиви во кој е дел и Општина Илинден, а во организација на Стопанската комора за мал бизнис, се одржа работилница во просториите на Дом на култура „Илинден“.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари средба со новиот претседател на Советот на Општина Илинден, Благоја Митровски и новата советничка Македонка Здравковска

На денешната 38. седница на Советот на Општина Илинден беше верификуван мандатот на новата советничка Македонка Здравковска. Воедно на истата седница за нов претседател на Советот на Општина Илинден е избран советникот м-р Благоја Митровски.

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на промоцијата на новото комунално возило на ЈКП „ Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието.

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, која е со вкупна должина од 4200 метри, пришто ќе бидат поставени и препумпни уреди, се одвива според предвидената динамика.

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.