Положено свежо цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили

Пред споменикот на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски,  со положување свежо цвеќе денеска беше одбележана 23-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.

Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024”

Центарот на спортските случувања денес е во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 13. традиционален Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа над 250 борци, 17 клубови и тоа  од Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија,…

Асфалтирање на дел од улица „9“ и дел од улица „532“

Во рамки на активностите за реконструкција на дел од улиците „9“ и “532“ во Марино, се врши завршно асфалтирање на коловозот со втор асфалтен слој, како и работи на уредување со бекатон плочки на пешачката патека покрај улицата од едната страна и асфалтирање на тротоар од другата страна на улицата.

Асфалтирање на краци од улица „500“ и улица „531“ во Марино

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо во населените места, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.