Денови на културата во Општина Илинден 2026 – „27. Литературна манифестација“

Општина Илинден и оваа година продолжува со негување и промоција на културата, литературата и уметноста преку манифестацијата „Денови на културата“, која ќе се одржи на 11, 12 и 13 мај 2026 година во Домот на култура „Илинден“. 

Општина Илинден дел од еколошката акција „Генералка викенд“

Општина Илинден и оваа година активно се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“, која се реализира со цел подигнување на јавната свест за значењето на чистата и здрава животна средина.

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со Министерот Шабан Салиу

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу.

На посета кај градоначалникот Георгиевски делегација од Амбасадата на САД во Македонија

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски, одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, на кој беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка во реализација на проекти од значење за локалниот развој.

Набавена нова градежна машина за потребите на ЈКП „Илинден“

Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во унапредување на комуналната инфраструктура и модернизација на механизацијата на јавните комунални претпријатија, со цел обезбедување поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните.

Поставен камен-темелник за изградба на трибина при стадионот во н. Илинден

Со свечено поставување камен-темелник за изградба на нова трибина, Општина Илинден продолжува со унапредување на спортската инфраструктура на фудбалскиот стадион во населба Илинден.