Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски присуствуваше на Саем за врадотување „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ во Лесковац

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски беше во дводневна посета на Лесковац, Република Србија каде присуствуваше на Саемот за вработување „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“.

Општина Илинден отпочна со реконструкција на улиците „9“ и „532“

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности за реконструкција на дел од ул „9“ и ул „523“ во Марино.

Во општина Илинден се одржа 10-тиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2024“

Пред голем број љубители на спортот на спортскиот терен во населеното место Мршевци се одржа десеттиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2024“ на кој оваа година учествуваа 24 екипи со околу 250 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 4 групи по 6 екипи во секоја група.

Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака

Општина Илинден и ЈКП „Водовод“- Илинден започнаа со изградба на нова линија за фекална канализација во населба Јака,  во вкупна должина од околу 300 метри, а со изградбата на фекалната канализација  ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината. Со изградбата на оваа линија 95% од населбата ќе биде покриена со фекална канализација.…

Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци.

Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух

Во рамки на активностите за следење и мониторирање на квалитетот на амбиенталниот воздух на територија на Општина Илинден, на пет локации  поставени се посебни уреди за мерење на квалитетот на воздухот.