Oпштина Илинден и оваа година ќе доделува субвенции за инвертер клими или соларни панели

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на…

Успешно спроведена крводарителна акција

Во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена редовна крводарителска акција во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост, солидарност и посветеност кон спасување на човечките животи со дарување на крв.

Извршена пролетна дератизација за уништување на глодари

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м², меѓу кои е општинската зграда, како и домовите…

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден продолжува да ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Оваа иницијатива подразбира засадување на што е можно повеќе дрвја во урбаните делови на oпштината.

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари финансиска помош за настраданите во пожарот во Кочани

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани. По трагичниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, при што загинаа најмалку 59 лица, а над 190 се повредени, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изрази длабоко сочувство и солидарност за погодените семејства и предложи до…