Отворена манифестацијата ,,Денови на културата во општина Илинден 2025”

Со проекција на филмот „Снежана на крајот умира“ започна манифестацијата „Денови на култура во општина Илинден 2025“. Вчера вечер, во Домот на култура Илинден, беше проектиран реномиран македонски филм во режија на Кристијан Ристевски. Граѓаните имаа можност да ја погледнат оваа драма со елементи на филмска комедија и да уживаат во глумата на истакнати македонски…

На прием кај градоначалникот на општина Илинден беше секретарот на ДПМ

Во просториите на Општина Илинден на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски беше секретарот на Демократската партија на Македонците во Србија, Александар Божиновски, кој како претставник на локалната самоуправа на Врање, разговараше со градоначалникот Георгиевски за потенцијалната соработка помеѓу општините Илинден и Врање, како и за сите можности и идни проекти во интерес на двете локални…

Општина Илинден доби благодарница од здружението МТБ Илинден

Во посета на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, беа членови на здружението МТБ Илинден, кои по повод на успешно реализираната соработка, како знак на благодарност за поддршката на Општина Илинден за одржување на велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2025” на градоначалникот му доделија благодарница.

Доделени Решенија за субвенции на велосипеди во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните и оваа година се вклучија во големата еколошка акција „Генералка викенд“. Акцијата која е во организација на „Мен енд маунтен“ се спроведува со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, а главната цел е да се подигне еколошката…

Прв Регионален саем за економски развој во општина Илинден

Општина Илинден склучи меморандум за соработка со компанијата Панекс експо дооел, со цел да се организира настан кој ќе ги поврзе локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери за стимулирање на економскиот развој и создавање на нови можности за раст во општината.