Општина Илинден изврши ларвицидна дезинсекција

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, Општина Илинден реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Доделена плакета на највозрасниот бербер во општина Илинден

Денес, во кабинетот на Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, гостин беше највозрасниот бербер во општината. Градоначалникот, со доделување на плакета, го уважи неуморниот 60 годишен труд и успешна работа на Цане Стојменовски.

Одбележана 24-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Денес, општина Илинден, со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Роберт Петковски, во населеното место Бунарџик, ја одбележа 24-та годишнина од неговата смрт. Како припадник на Министерството за одбрана, тој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Во општина Илинден се одржа велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2025“

И оваа година во општина Илинден се одржа велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2025”, во организација на Здружението МТБ Илинден, со поддршка на Општина Илинден. На настанот официјално беа пријавени 200 велосипедисти од целата држава, додека неофицијално присуствуваа рекордни 250 учесници.

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште.