Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“ 2025

Во општина Илинден се одржа уште еден спортски настан. На спортскиот терен во Дељадровци пред голем број љубители се одржа Меморијален турнир во мал фудбал ,,Драганчо Стојановски-Прпе” 2025, на кој оваа година учествуваа 24 екипи од повеќе општини.

Градоначалникот Георгиевски на поставување камен темелник за нова фабрика на Чагатај Кабло

Растат индустриските капацитети на територија на општина Илинден. Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дитекторот на ТИРЗ, Гоце Димовски присуствуваше на поставувањето камен темелник за нова фабрика на Чагатај Кабло, водечки производител на кабли и електрична опрема, во Технолошко-индустриската зона Скопје 1, во општина Илинден. Новата инвестиција која е во вредност од…

Асфалтирање на улица „1“ во Јака

Инфраструктурните активности во Општина Илинден продолжуваат со динамично темпо – во населеното место Јака во тек е финалната фаза од изградбата на сервисната улица „1“. Во моментов се врши асфалтирање на коловозот, со што проектот влегува во својата завршна етапа.

Изградба и асфалтирање на улица во локалната економска зона, Стопански комплекс Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден.

Општина Илинден обезбедува нова социјална услуга: „Помош и нега во домот“ за стари лица и лица со попреченост

Општина Илинден, во партнерство со Здружението „Моето гнездо“, во рамки на Третиот јавен повик за развој на социјални услуги, започнува со реализација на нова социјална услуга „Помош и нега во домот“. Услугата е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди континуирана грижа во домашни…