Пуштено во употреба детско игралиште во Бунарџик

Со цел унапредување на условите за квалитетен раст и развој на децата, Општина Илинден продолжува со континуирана реализација на инфраструктурни проекти насочени кон создавање функционални и безбедни јавни простори. Во таа насока, денеска официјално беше пуштено во употреба современо детско игралиште во н.м. Бунарџик. Најмладите жители на оваа населба добија ново катче за игра, дружење…

Општина Илинден изврши успешна надградба на пумпната станица ОКТА во Јурумлери

Во пумпната станица ОКТА во Јурумлери, која обезбедува водоснабдување за населените места Миладиновци, Бујковци, Текија, Дељадровци и Рафинерија ОКТА, Општина Илинден изврши целосна реконструкција и надградба на пумпниот систем. Проектот има за цел да ја зголеми ефикасноста на системот и да ги намали енергетските трошоци, што ќе обезбеди стабилно и одржливо водоснабдување за сите корисници.

Пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во Илинден

Со одигрување фудбалски натпревар беше пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во општина Илинден. Капитална инвестиција што ја реализираше Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Овој проект претставува едно од најзначајните инфраструктурни вложувања во спортот на локално ниво и е симбол на континуираниот развој на општината.

Владата финансира пет нови капитални проекти во општина Илинден

Со одлука на Владата на Република Македонија, ќе се реализираат пет нови капитални проекти во општина Илинден. Овие проекти се дел од објавениот втор јавен проект и истите се однесуваат на следните активности:

Пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем Илинден-Марино

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се изврши пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем за Илинден и Марино.

Изготвена техничка документација за изградба на фекална канализација за дел од Миладиновци

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација. За таа цел денес се изврши јавна презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за…