Светските шампиони од „Марбал“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денес беа младите танчери од балетското студио „Марбал“, кои неодамна се вратија од Атина, Грција, како светски шампиони на интернационалниот натпревар „WADF GREECE 2025“, под покровителство на Светската федерација за уметнички танц.

Со настап на Наум Петрески и Зуица Лазова свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Одбележан патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ со пригодна свеченост и настап на музички гости.

Одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден започна со Стенд ап комедија на Бојан Велевски

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“, беше организирана стенд ап комедија со еден од најпознатите македонски комичари, Бојан Велевски. Со насмевки и гласна смеа, настанот се одржа во амфитеатарот на Средното општинско училиште „Илинден“ и привлече голем број граѓани од сите возрасти.

Успешно спроведена крводарителна акција

По повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден…

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник “Илинден 2-ри Август“ со настап на Наум Петрески

На ден 25.07.2025 година (петок) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Свечено отворен новиот Здравствен Дом

Во присуство на премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеници, директори, советници, како и голем број граѓани и претставници на локалните институции, денес беше свечено отворен новиот Здравствен дом во Илинден. Овој објект претставува капитална инвестиција од големо значење за жителите на општината. Изграден…