Општина Илинден доби благодарница од здружението МТБ Илинден
Во посета на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, беа членови на здружението МТБ Илинден, кои по повод на успешно реализираната соработка, како знак на благодарност за поддршката на Општина Илинден за одржување на велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2025” на градоначалникот му доделија благодарница.