Општина Илинден донира смарт таблети за учениците од ООУ „Ристо Крле”

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, денеска додели 34 смарт таблети во ООУ „Ристо Крле”, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од IV одделение, со цел успешно следење на наставата, по новиот концепт и програма.

Средба на градоначалникот на Општина Илинден и претседателот на Црвен крст

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со претседателот на Црвен крст на РСМ д-р Ромел Велев. За време на средбата се разговараше за продолжување на соработката во наредниот период, како и за тековните проекти на Црвениот крст кои ја промовираат солидарноста и меѓусебната поддршка на општинско ниво.

Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2022 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2022 година, со вкупна вредност од 362.829.000 денари или приближно 6 милиони евра.Анализата на приходите и расходите на Општината во буџетот за минатите години и планираните реални расходи за 2022 година се земени како основа во проектирањето на Буџетот на Општина Илинден, со развојна компонента при што…

Подобрување на сообраќајната сигнализација

Деновиве на повеќе локации во општина Илинден извршено е поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во тие рамки се реализира проектот за подобрување на сообраќајната сигнализација на постојните улици во општина Илинден.

Во СОСУ „Илинден” се спроведува проект за напредно машинско учење во средното образование

Во организација на Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во просториите на СОСУ Илинден во Општина Илинден, се одржа Multiplier Event „BEST PRACTICE IN TEACHING ML & DS IN VET“ во рамките на проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education…

Општина Илинден почна со изградба на фекална канализација во населба Јака

Општина Илинден почна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во делот на населба Јака и околината, во должина од околу 7600 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината.