Меморијален фудбалски турнир во чест на Роберт Петковски

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, на фудбалското игралиште во Бунарџик, се одржа традиционалниот меморијален турнир на кој учествуваа 13 екипи од сите населени места на општина Илинден.

Одбележана 21-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 21-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Ново улично осветлување на неколку локации во Илинден

Во рамки на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, во населба Илинден на неколку локации поставени се нови линии.

Општина Илинден спроведе голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, Општина Илинден спроведе голема хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Општина Илинден потпиша Декларација за поддршка на Националната платформа на женско претприемништво

Денеска во Општина Илинден беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го поттикнува креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на општина Илинден

Во посета на Општина Илинден денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски посетија неколку локации во Општината, каде во тек е реализација на капитални инфраструктурни проекти.