Општина Илинден со поддршка за младите претприемачи

Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за поддршка на младите претприемачи. Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

Известување

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека поради поголем дефект на примарната водоводна линија во населеното место Кадино, движењето на автобусите на ЈСП Скопје ќе се одвива по измената траса и ќе одвива по сервисните улици 6 и 11, до поврзување со кружниот тек. Ова движење ќе се изведува се до завршување на работите за санација на…

Одбележување на Водици 2023 во општина Илинден

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со Свештените лица од црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе организира положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден.

Предложи ја твојата идеја за подобра Општина Илинден,  отворен ден за средба со граѓаните  на 3,4,10 и 11 декември во просториите на Општината

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2023 година, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица на средба во Општината на 3,4,10 и 11 декември со почеток од 11.00 до 14.00 часот со градоначалникот Александар Георгиевски за активно и заедничко креирање на буџетот.

Биди дел од проектот „Зелена Општина Илинден“, еколошка акција в петок во н.м.  Ајватовци

Општина Илинден  продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“, во петок (25.11.2022 година) во населено место Ајватовци ќе бидат засадени 3000 садници, во соработка со претставници  од концептот  „Treebanks“,  непрофитна организација во секторот за зачувување на животната средина.