Известување за асфалтирање на улица „8“ во населба Илинден
Почитувани,Во рамки на програмата за реконстукција и санација на локални улици и патишта на Општина Илинден, се продолжува со реконстукција на улица „8“ во н.м. Илинден.
Почитувани,Во рамки на програмата за реконстукција и санација на локални улици и патишта на Општина Илинден, се продолжува со реконстукција на улица „8“ во н.м. Илинден.
Општина Илинден, по бројни реакции од страна на граѓаните во врска со јавниот градски превоз, ги известува сите жители на општина Илинден дека сите мерки во рамки на општината, во врска со ургенции, барања и известувања за редовноста на автобусите се поднесени до Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и до Град Скопје.
Општина Илинден на 13, 14 и 15 мај 2025 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи 26-та Литературна манифестација „Илинден 2025“, со поддршка на Министерството за култура и туризам, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.
Продолжува реализацијата на Ерасмус+ проектот „Зелени микроакредитиви“ поради што утре во Општина Илинден ќе се реализира настан Зелени вештини во програмите за постсредното образование – можности за мобилност и конкурентност на пазарот на труд“.
Во врска со објавениот јавен повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2025 година за жителите на Општина Илинден , Ве известуваме дека објавениот јавен повик се затвара поради исцрпување на предвидените финансиски средства и исполнување на квотата на поднесени барања.
Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 04.04.2025 година (петок) од 09:00 од 13:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв.