Известување – ЈКП Водовод Илинден

Јавното Комунално Претпријатие “Водовод” н.Илинден ги известува граѓаните на Општините Илинден, Гази Баба и Петровец дека Претпријатието во моментов се соочува со проблем во навремено плаќање на обврските за електрична енергија потрошена за навремено и квалитетно снабдување со вода за пиење и одведување и пречистување на отпадните води за потребите на граѓаните.

Повик за аплицирање за членови на Локален младински совет

Општина Илинден и Локалното собрание за млади на општина Илинден, објавуваат повик за членови на Локалниот младински совет согласно член  4 став 3 од Статутот на Општина Илинден .

Општина Илинден меѓу најтранспарентните општини и најголем раст во последната година

Според резултатите на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции за 2022 година, Општина Илинден е меѓу најтранспарентните инситуции, чија активна транспарентност изнесува 95,7 од 100%.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 16.08.2022 год. (вторник) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.