Општина Илинден ја споделува објавата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Почитувани, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави два јавни огласи за поддршка на домаќинства за купување инвертер клима уред и за финансиска поддршка на ранливи категории за потрошена електрична енергија.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 07.08.2025 год. (четврток ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши третото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Општина Илинден ја споделува објавата на Општина Кисела Вода за јавен повик за пожарникари

Почитувани, Општина Кисела Вода објави Јавен повик за вработување на пожарникари во Територијалната противпожарна единица. Со цел да ја информираме и заинтересираната јавност од нашата општина, Општина Илинден ја споделува оваа информација. Услови за пријавување (според јавниот повик): – Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа Краен рок за пријавување: 17.07.2025 година…

Известување за рационално користење на вода

Почитувани, Во текот на изминатиот период се соочуваме со енормно зголемување на количината на вода пласирана од пумпните и препумните станици на водоводните системи со кои стопанисува ЈКП ″Водовод″ н.Илинден.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 11.07.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Известување за прекин на водоснабдување

Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци кои се снабдуваат со вода за пиење од системот на ОКТА дека поради планирани активности на трафостаница од страна на АД Рафинерија за нафта – ОКТА на 06.07.2025 година (недела) во период од 08:00 до 17:00 часот ќе останат без вода за пиење.