Поддршка за младите претприемачи

Со цел поддршка на младите претприемачи Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична помош. Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето…

Известување за градежни работи на дел од улица 8 во н.Илинден

Почитувани,Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, ќе се продолжи со реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден.

Одбележување на Водици 2025 во општина Илинден

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.

Седница на Локалниот совет за превенција

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја одржа редовна седница на Локалниот Совет за превенција со претставници од надлежни институции, а во рамки на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден.

Отворен ден со граѓаните на 30 ноември во просториите на Општина Илинде

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2025 година, пришто во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник кој е достапен, во просториите на Општина Илинден како и електронски на веб страницата: ilinden.gov.mk, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот…

Општина Илинден се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.