Општина Илинден со брза реакција за нефункционална сигнализација на железничкиот премин

По констатираната нефункционална сообраќајна сигнализација на ден 14.12.2021г. на железничката пруга на влезот во општина Илинден, локалната самоуправа веднаш реагираше и испрати барање до Македонски Железници, стручните служби да извршат комплетна проверка и контрола на железничкиот премин.

Известување – градежни работи на реконструкција на улица „532“

Се известуваат граѓаните дека од 16.11.2021 година (вторник), ќе продолжат градежните работи на реконструкција на улица „532“, во должина од 2000 метри.На местото на изведување на градежните работи ќе се применува изменет времен режим на сообраќај, со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.