Со цел унапредување на земјоделието, Општина Илинден и оваа година спроведе акција за испитување на квалитетот на обработливата почва од 20 локации од целото подрачје на општината во сите населени места. Агрохемиските анализи за квалитет на почва се направени во акредитирана лабораторија  на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Целта на ова испитување е земјоделците да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат во нашата Општина, за правилно и навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите.

Заедно со добиените анализи од минатата година, извршено е испитување на околу 40% од обработливата почвата на територија на општина Илинден. Резултатите од добиените анализи граѓаните имаат можност да ги погледнат директно на официјалната веб страна ilinden.gov.mk.

Овој проект како дел од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026 ќе се спроведува континуирано, со цел да се опфатат повеќе земјоделци и да се добијат подетални информации за квалитетот на земјиштето на цела територија на општина Илинден.

ПРИЛОГ: Извештаи од тестирање на почва