Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 15.06.2023 год. (четврток) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Детско инклузивно игралиште во Кадино

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Кадино. Станува збор за детско инклузивно игралиште на кое е поставена околу 300м2 гумирана подлога, видео надзор, детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и нова заштитна ограда.

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Во општина Илинден на 12.06.2023 (понеделник) и 13.06.2023 (вторник), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи  спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Изградба на нова линија за фекална канализација во Илинден

Општина Илинден започна со изградба на нова линија на фекална канализација на улица 11, во должина од околу 200 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 10-тина домаќинства. Новоизградената фекална канализација на улица 11, ќе се поврзе на фекалната канализација од…