Општина Илинден со поддршка за младите таленти
Општина Илинден го помогна гостувањето на младата поетеса Викторија Ангеловска во Загреб, Хрватска.
Општина Илинден го помогна гостувањето на младата поетеса Викторија Ангеловска во Загреб, Хрватска.
Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден започна со асфалтирање на улиците во населба Јака. Деновиве асфалт доби главната улица ,,120” која е на влезот во населбата во должина од 350 метри. Покрај асфалтирањето ќе биде изградена и пешачка патека по целата должина на улицата.
Општина Илинден интензивно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема. Во изминатиот период во неколку населени места поставени се клупи, канти за отпадоци, реконструкција на заштитни огради, со цел разубавување на просторот и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на сите жителите.
Општина Илинден деновиве работи на завршната фаза за реконструкција на локалниот пат – улица 532, на која денеска и утре се врши завршен слој на асфалтирање на коловозот. Покрај асфалтирањето на коловозот, изградена е и пешачка патека во должина на улицата.
Почитувани граѓани, Ве известувaме дека поради изведување на градежни работи за реконструкција на коловозот на улица 532 во Марино, односно асфалтирање на локалниот пат, кој ќе се работи во деновите 23 и 24 јуни 2023 година (петок, сабота), ќе се изврши промена на времениот режим на сообраќај на оваа улица и истата ќе биде затворена…
Општина Илинден во изминатиот период интензивно работи на изградба и реконструкција на паркови и детски игралишта, со цел уредување на одредени делови во населените места на нејзина територија.