Делегација од Република Молдавија во посета на општина Илинден

Делегација предводена од градоначалници, претседатели на реони и претставници на Германското здружение за развој во Молдавија, денеска ја посетија Општина Илинден и остварија работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски и општинската администрација.

ДНК специјални гости за патрониот празник на Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет ги прими македонските ѕвезди Панчо и Андреј од дуото ,,ДНК”,  кои ќе настапат по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден ,,Илинден 2-ри Август”.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 17.07.2023 год. (понеделник ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши третото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Финансиска поддршка за спортисти за прв пат во општина Илинден

Општина Илинден за прв пат објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е согласно Правилникот за доделување на еднократна финансиска поддршка донесен од Советот на Општината и наменет е за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, ,…

Одржана втора седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден

Во просториите на Општина Илинден денеска се одржа втората седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ОКТА, Макпетрол и ПО Петровец како и претставник од…