Одбележан патрониот празник на ООУ ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” со бројни спортски активности и изложбени работилници  го одбележаа патронатот на училиштето и 120. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ…

Опремен нов кабинет по програмирање во средното општинско училиште во општина Илинден

Опремен е нов кабинет во  Средното општинско стручно училиште  „Илинден“- Илинден, кој е наменет  за потребите на учениците по предметот  програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Илинден и Бизнис Конфедерација на Македонија

Водени од потребата за јакнењето на меѓусебната соработка и афирмација на областите од заеднички интерес беше потпишан Меморандум за соработка за спроведување на проекти од областа на одржлив локален економски развој.  Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, м-р Александар Георгиевски и претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, Миле Бошков.

Известување за реализиран Јавен повик за доделување еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2023 година

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2023 година, е реализиран поради целосно искористување на финансиските средства предвидени во Буџетот на Општина Илинден за оваа намена.

Одбележана 22-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 22-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Извршено асфалтирање на новиот кружниот тек во општина Илинден

Во општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината, каде во текот на вчерашниот ден се изврши комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кеужен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.