Општина Илинден го решава проблемот со бездомните кучиња

По барање на граѓаните и во насока на решавање на проблемот со бездомни и нерегистрирани кучиња, општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Одбележана Детската недела во општина Илинден

Под мотото „Јас и светот околу мене“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“  и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно уметничка програма, во која дечитара глумеа, играа, пееја и другаруваа.

Асфалтирање на улици во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за асфалтирање на улиците. Денеска асфалт добија крак на улица „9“ која се наоѓа позади црквата Свети Константин и Елена , во должина од 120 метри, како и крак 10 на улица „11“ во должина од 40 метри.

ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад

Возниот парк на ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден се поднови со  специјално возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 7м3. Ова возило ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад од најтесните улички низ населените места.

Известување

Општина Илинден продолжува со реализација на Годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Илинден за 2023 година. Од страна на стручните служби на вршителот на услуга на ден 02.10.2023 година извршена е есенска дератизација по шахти на јавни површини за уништување на глодари, при…