Со богата музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“

Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.

Регионална средба на комунални претпријатија во Општина Илинден

Општина Илинден и оваа година е домаќин на Регионалната средба на комунални претпријатија која е во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, согласно проектот „Со подигнување на јавната свест до одржливи комунални услуги“.

Граѓаните на Илинден вклучени во креирањето на Буџетот за 2024 година

Општина Илинден и оваа година ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 15.11.2023 година до 30 ноември 2023 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2024 година.

Асфалтирана раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци

Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.

Пуштено во употреба игралиште за баскет во Мралино

Во рамки на повеќе дневните активности за одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“, денеска беше пуштено во употреба игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино.