Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: Изградба на земјоделски објекти за интензивно живинарство во КО Мршевци, општина Илинден

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), ја известува заинтересираната јавност…

Санација на улици во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за реконструкција и санација на улиците. Денеска почнаа градежните активности за санација на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.

Асфалтирана улица во Бунарџик

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на локалната патна инфраструктура, со цел да се обезбедат квалитетни услови за живот на граѓаните. За таа цел извршено е асфалтирање на главната улица во населеното место Бунарџик, која го опфаќа пристапот до ПОУ Ристо Крле, Домот на култура и игралиштето за мал фудбал во вкупна должина од 650…

Засадени 11000 садници на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја спроведе големата  акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 ха.

Голема акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“  на 30.11.2023 (четврток)  со почеток во 10 часот Општина Илинден ќе реализира акција за пошумување на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 ха.

Отворен ден со граѓаните на Општина Илинден, презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2024 година

Општина Илинден е транспарентна во комуникацијата со граѓаните. За таа цел во просториите на Општина Илинден денеска се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2024 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.