Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2024 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2024 година, со вкупна вредност од 465.636.000 денари или приближно 7,6 милиони евра. Анализата на приходите и расходите на Општината во буџетот за минатите години и планираните реални приходи  за 2024 година се земени како основа во проектирањето на Буџетот на Општина Илинден, со развојна компонента при…

Асфалтирање на улици во општина Илинден

Со интензивно темпо се одвиваат градежните работи за реконструкција и санација на улиците во Општина Илинден. Денеска извршено е асфалтирање на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.

,,Патување” ликовна изложба на Новица Трајковски

Во Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден на 21-ви декември (четврток),  со почеток во 19 часот ќе биде отворена ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Патување”. На оваа изложба љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да погледнат околу 50 врвни уметнички дела на Трајковски.

Седница на Локалниот совет за превенција во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја одржа втората седница на Локалниот Совет за превенција со претставници од надлежни институции, а во рамки на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден.

Пуштено во употреба ново детско катче во Мршевци

Општина Илинден го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Мршевци. Станува збор за детско игралиште на кое се поставени нови детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина,  нова заштитна ограда, како и терен за баскет кој е во финална фаза.