Пуштено во употреба ново детско игралиште во Ајватовци

Денес во населеното место Ајватовци беше пуштено во употреба новото детско игралиште. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Поставен препумпен уред на колекторскиот систем Илинден-Марино

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на комплетна пумпна станица односно, препумпен уред на левиот крак на колекторскиот систем Илинден-Марино.

Решение за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста Африканска чума кај свињите

Решение со бр.10-421/ 2 од 14.02.2024г. за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста Африканска чума кај свињите

Со закројување на виновата лоза и ,,Саем на домашно вино” одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија со која чиноначалствување владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници.

Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци

Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. Во рамки  на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Објавен Јавен повик за субвенции на велосипеди во општина Илинден

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување на субвенции за купување на велосипеди. Јавниот повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година, предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.