Увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.

Модернизaција на опремата на ЈКП ,,Илинден” со приклучна механизација за косење и кастрење вегетација

ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден континуиранио работи на модернизирање на опремата. Овој пат со приклучна механизација за косење и кастрење вегетација т.н. мулчер.

Членовите од Хулт Академија од Илинден на прием кај градоначалникот Александар Георгиевск

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својот кабинет ги прими членовите од клубот Хулк Академија – Центар за боречки вештини од Илинден кои на Државното првенство во џиу џица што се одржа минатиот викенд во спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден, освоија златни, сребрени и бронзени медали.

Младите од Илинден добија ново мултифункционално игралиште

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со учениците од СОСУ „Илинден“ одиграа фудбалски натпревар на новото мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Општина Илинден добива нов здравствен дом

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности на капиталниот проект за изградбата на нов здравствен дом, каде жителите од Илинден, после речиси поволина век добиваат модерен објект во кој ќе биде сместен здравствениот дом.