Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден
Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино.
Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино.
Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина.
„Интимно соѕвездие” беше насловот на поетската вечер посветена на современата македонска љубовна поезија, во Домот на култура „Илинден” со која беа заокружени Деновите на културата во општина Илинден.
Со одржување на низа настани во Домот на култура Илинден започна традиционалната 25-та манифестација Денови на културата во општина Илинден”.
Општина Илинден континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура на нејзина територија. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши асфалтирање на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден.
Почитувани, Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, се работи на целосна реконстукција на улица 36 во н.Илинден, улица која е во локалната зона Карагач и која ги поврзува населените места Илинден и Ајватовци.