Комплетно завршено асфалтирањето на улица „103“ во м.в Јака – Марино

Во Општина Илинден со засилено темпо продолжуваат инфраструктурните зафати. Со асфалтирање на вториот и завршен слој, улицата „103“ е комплетно завршена и подготвена за користење.

Општина Илинден продолжува со чистење на речните корита

Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави.

Започна градежната офанзива во Општина Илинден

Градежната офанзива во Општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во м.в. Јака во н.м. Марино. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од 6 метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри.

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во н.м Марино

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во н.м Марино.

Општина Илинден продолжува да создава модерни и еднакви услови за образование за сите деца

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во подобрување на условите за образование, ставајќи ги децата и нивниот развој во фокусот на локалната политика. Како општина со постојан демографски пораст, локалната самоуправа активно вложува во создавање современа и квалитетна едукативно-образовна средина за учениците од сите населени места.

Одбележан празникот „Свети Трифун“ во Општина Илинден

Со закројување на винова лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м. Ајватовци, Општина Илинден традиционално го одбележа празникот посветен на заштитникот на лозарите – Св. Трифун. Чинот на закројување, како симбол на нов почеток и плодна година, се одржа во присуство на бројни граѓани, љубители на виното и поддржувачи на локалната традиција.