Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Општина Илинден и оваа година ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Известување!

Почитувани, Ве известувме дека во рамки на проектот за изградба на фекална канализација во н.м. Илинден, на ул.3, ул.5, ул.7 и дел од ул.2 (м.в Ограѓе) ќе се отпочне со градежни активности на терен. Со активностите е опфатена изградба на фекална канализација на 5 (пет) краци во вкупна должина од 960 метри, работите на терен…

Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Одржана третата средница на Штабот за заштита и спасување

Во просториите на Општина Илинден се одржа третата седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ОКТА, Макпетрол и ПО Петровец, како и претставник од Општинскиот…

Во општина Илинден се одржа 10 меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче со поддршка од Општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од…