Изградба на атлетска патека

Општина Илинден отпочна со изградба на атлетска патека и трибина на веќе изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден. Со завршување на градежните работи овој спортски комплекс ќе добие сосема нов лик кој веќе го носи името на прерано загинатиот бранител Драго Маневски.

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во Ограѓе

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во м.в. Ограѓе, населба Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа за фекална канализација во должина од 960 метри, пришто ќе бидат опфатени домаќинствата од улица.3, ул.5, ул.7 и дел од улица 2. Оваа мрежа на фекална канализација ќе се поврзе со пречистителната станица…

Зголемен интересот за проширување на индустриските капацитети

Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зоки секојдневно се отвораат нови стопански објекти, а постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направија две компании, Елмед, со доградба на индустрискиот објект за производство, сервисирање и складирање на индустриска опрема, како и компанијата JCS Bard Logistik со изградба на производствен погон со…

Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Општина Илинден и оваа година ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Известување!

Почитувани, Ве известувме дека во рамки на проектот за изградба на фекална канализација во н.м. Илинден, на ул.3, ул.5, ул.7 и дел од ул.2 (м.в Ограѓе) ќе се отпочне со градежни активности на терен. Со активностите е опфатена изградба на фекална канализација на 5 (пет) краци во вкупна должина од 960 метри, работите на терен…