Официјално започна Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН“

Во спортската сала „Гоце Делчев“ во н.м Илинден свечено беше отворен Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО Илинден“, кој прераснува во значаен настан за поттикнување на локалниот и регионалниот економски раст.

Пролетна акција за озелување „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден континуирано вложува напори за унапредување на животната средина, следејќи ги како националните, така и глобалните трендови и препораки во областа на екологијата. Во пресрет на доаѓањето на пролетта, се организираше акција за озеленување, со вкупно 50 декоративни садници, која има за цел дополнително да придонесе кон создавање почиста, поуредена и позелена околина за…

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.

Општина Илинден објавува Јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

Општина Илинден и годинава ја продолжува поддршката за локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, Општината објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани земјоделци, со цел подобрување на квалитетот и продуктивноста на земјоделското производство.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што деновиве започна реконструкцијата на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна мрежа во Општина Илинден продолжуваат со засилена динамика. Во изминатиот период продолжи реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во н.м Кадино, проект кој значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура за жителите.